TA Mediteran

Автобуски програми

Велигден | Златибор

термин: 29.04-3ноќи |145€ / 8.990мкд

 

З Л А Т И Б О Р

 

 

Термин: 29 април 2021 | 4 дена / 3 ноќи | Aвтобус

 

1ден / 29.04 (петок)  Скопје - Златибор
Состанок на групата во 21:00часот во Кавадарци, Скопје 22:30часот и Куманово во 23:00часот и поаѓање кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.


2ден / 30.04 (сабота)  Златибор 
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во апартмански комлекс Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор  од православните цркви за Велики Петок. Вечера. Ноќевање.


3ден / 01.05 (недела)  Златибор - Дрвенград
Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. . Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и за познатата златиборска пршута и кајмак. Вечера. Можност за посета на црквата ,, Св. Преображение Господово” и присуство на полноќна Литургија за Христовото Воскресение.  Ноќевање.


4ден / 02.05 (понеделник)  Златибор - Скопје
Појадок. Факултативно заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20км од Златибор. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад. Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Можност за заеднички празничен Велигденски ручек. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.


5ден / 03.05 (вторник)  Златибор - Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања и слободно време за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 145€ / 8.990мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобус по протокол);
- Три ноќевања со појадок и вечера во Апартмански Комплекс Вила Јелена;
- Посета на Врњачка Бања;
- Туристичка такса;
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Влезница во музејот во Сирогојно – 150динари (околу 80мкд);
- Влезница во Дрвенград 250динари (околу 120мкд);
Посета на каубојскиот град Ел Пасо со локален туристички водич, вклучена влезница - 5€ по лице за двете ноќи;
- Свечен Велигденски ручек – 10€ по лице;
- Задолжително патничко осигурување;
- Организиран трансфер од Битола и Прилеп до Скопје. Цена 10 по лице за повратен трансфер.


Напомена:
За реализација на патувањето се потребни минимум 30 патници;
Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62мкд;
Пасошот треба да важи минимум 3  месеци по завршување на патувањето и можност за патување со лична карта;


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси