TA Mediteran

Автобуски програми

Велигден | Кападокија

термин: 29.04-7ноќи 245€ / 15.190мкд


 К А П А Д О К И Ј А



Компекс на чудесна убавина од 6-от век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот го менувал својот облик и постанал тоа што е денес - уникатно чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, истото го наоѓаат под камените сводови на Кападокија во кои изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед и остават магичен и мистичен впечаток.


 

Термин: 29 Април 2021 | 10 дена / 7 ноќи | Автобус

 


1ден/ 29.04 (четврток)  СКОПЈЕ - КАПАДОКИЈА
Состанок 16.00 часот на паркинг спроти САЕМ- хотел ВИП. Заминување на групата во 16:30 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни застанувања -паузи.


2ден/ 30.04 (петок)  ИСТАНБУЛ
Пристигнување на групата во раните утрински часови.Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич. Попладнето сместување во хотел. Слободно време за факултативни и индивидуални прошетки и шопинг. Ноќевање.


3ден/ 01.05 (сабота)  ИСТАНБУЛ - АНКАРА
Појадок.  По појадокот крстарење со брод по Босфор (факултативно), каде ја имате единствената можност да ги видите палатите изградени од двете страни на Босфорот. По крстарењето упатување на групата за Анкара. Панорамски разглед на Анкара со локален туристички водич и посета на Музејот на Анадолските цивилизации и Мавзолејот на Ататурк-основачот на Современа Турција. Потоа сместување во хотел. Ноќевање.


4ден/ 02.05 (недела)  АНКАРА - СОЛЕНОТО ЕЗЕРО - АКСАРАЈ - КАПАДОКИЈА
Појадок. По појадокот заминување на групата кон Кападокија и попатно разглед на солените езера и Аксарај. Попладнето Пристигнување во Кападокија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


5 ден/ 03.05 (понеделник)  КАПАДОКИЈА - ЃОРЕМЕ - АВАНОС - ДЕРВЕНТ
Ѓореме, Аванос, Дервент... Ноќевање.


6 ден/ 04.05 (вторник)  КАПАДОКИЈА (ЛЕТАЊЕ СО БАЛОН)
Летање со балон, Угруп, долина на гулабите... Ноќевање.


7 ден/ 05.05 (среда)  КАПАДОКИЈА - КОЊА - ПАМУККАЛЕ
Појадок. По појадокот упатување на групата кон Памуккале. Попатно посета на Коња. Пристигнување во Памуккале во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


8 ден/ 06.05 (четврток)  ПАМУККАЛЕ - ЕФЕС - КУШАДАСИ
Појадок. По појадокот, турнеја низ античката Хиераполис: Некропола, Амфитеатар, Храмот на Аполо, бањата на Клеопатра ... Уживање во памукалето - тврдината на памук - уникатно чудо на природата со травертини формирано од таложење на варовник и калциум термичка вода од 37°C. Попладнето упатување на групата кон Ефес. Разглед на античкиот град Ефес и домот на Св.Марија (факултативно влезници). Пристигнување во Кушадаси. Ноќевање.


9 ден/ 07.05 (петок)  КУШАДАСИ - ТРОЈА - ЧАНККАЛЕ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот упатување на групата кон Троја и Чанаккале. Разгелед на Троја и Чанаккале. Попладнето упатување на групата кон Македонија.


10 ден/ 08.05 (сабота)  КАПАДОКИЈА (ЛЕТАЊЕ СО БАЛОН)
Пристигнување во Македонија во утринските часови.


 Цена на аранжманот: 245€ / 15.190мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

-    Превоз на наведената релација со туристички автобус
-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3* во Истанбул
-    Едно ноќевање со појадок   во хотел  со 3* во Анкара
-    Три полупансиони ( појадок и вечера)  во хотел  со 5* во Кападокија
-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3* во Памуккале
-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3* во Кушадаси
-    Лиценциран туристички водич за време на целото патување, 
-    Локален туристички водич во Анкара, Кападокија и Истанбул
-    Организација на аранжманот и придружник на  патувањето


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

-     Посета на Музејот на Анадолските цивилизации  во Анкара – 6€;
-     Посета на Музејот на отворено-Ѓореме во Кападокија – 8€;
-     Посета на Тврдината Учхисар – 2 евра , Посета на Долината Зелве – 4€;
-     Ефес - 10 евра,  куќата на Света Марија - 8€;
-     Пергамон – 10€;
-     Турска вечер  во Кападокија со богата музичка програма -30€;
-     Ексклузивна можност за летање со балон над Кападокија 45 минути околу 90 - 130€;
-     Крстарење со брод по Босфор – 20€;
-     Долмабахче - 20€;
-     Топ капи - 20 евра;
-     Патничко  осигурување 400мкд;
-     Доплата за сингл соба е 90€ дополнително од аранжманот.


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници.
- ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ  ИЗЛЕТИ: ТРОЈА, ЕФЕС  И  КУЌАТА  НА СВЕТА МАРИЈА  УПЛАТА- 10 дена пред поагање на групата.  Другите факултативни излети ќе може да се букираат-уплаќаат попатно  кај  водичот-пратителот на  групата.
- ЗА  СЕКОЈ ФАКУЛТАТИВЕН  ИЗЛЕТ-ПОСЕТА НА ЗНАМЕНИТОСТИ ПОТРЕБНО Е МИНИМУМ 20 лица за реализација.
- ЗА ГРУПАТА ЗА ВРЕМЕ НА ЦЕЛОТО ПАТУВАЊЕ ЌЕ БИДАТ ЗАДОЛЖЕНИ 3 ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОДИЧИ ОД МКД И ТУРЦИЈА КОИ ЌЕ КОМУНИЦИРААТ СО ГРУПАТА НА МАКЕДОНСКИ И СРПСКИ ЈАЗИК
- ПАТУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ СПОРЕД НАЈВИСОКИ ЗДРАВСТВЕНИ СТАНДАРДИ, ХОТЕЛИТЕ ВО КОИ ШТО ЌЕ БИДЕМЕ СМЕТЕНИ ПОСЕДУВААТ СЕРТИФИКАТИ ЗА РАБОТА ВО COVIDУСЛОВИ
- Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
- Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)|
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€  = 62мкд


За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси