TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2021 Година | КУШАДАСИ

термин: 29.12 - 3ноќи | 260 / 16.120мкд

К У Ш А Д А С И

 


 Термин: 29 декември 2020 | 3 ноќи All Inclusive + Новогодишна вечера / 6 дена | Автобус

 

1ден/ 29.12 (вторник)  СКОПЈЕ - КУШАДАСИ 

Поаѓање по Градови:  Битола 12:15 часот (Лукоил на влезот), Прилеп 12:45 часот (Лукоил на влезот), Велес 13:30 часот (Макпетрол на влезот на кружен тек), Скопје 14:15 часот (WIP хотел), Куманово 15:15 часот (Макпетрол-автопат). 10мин порано, состанок на групата. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден / 30.12 (среда)  КУШАДАСИ

Пристигнување во утринските часови во Кушадаси. Прошетка низ Градот и пристаништето.. Сместување во избраниот хотел во предвиденото време. Индивидуални активности и користење на содржините на хотелот како и all inclusive концептот. Ноќевање.


3ден / 31.12 (четврток)  КУШАДАСИ - ЕФЕС - СЕЛЧУК  ***ДОЧЕК НА НОВА 2021 ГОДИНА***

Појадок, по појадокот факултативна посета на Ефес: еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Можност за посета на фабриката за кожа доколку е отворена за туристи. Враќање во хотел. Прославување на новогодишната вечер со новогодишно мени и неограничени безалкохолни пијалоци. Ноќевање.


4ден / 01.01 (петок)  КУШАДАСИ - ПАМУККАЛЕ                                              

Појадок. По појадокот факултативна посета на Памуккале. Една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори кои личат на памучни планини во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.


5ден / 02.01 (сабота)  КУШАДАСИ - ОUTLET NOVADA - СКОПЈЕ    

Појадок, Напуштање на хотелот и заминување кон центарот на Кушадаси. По слободното време, заминување во посета на Outlet Novada во Соќе, иделано место за шопинг со добро познати брендови од сите светски марки . Во попладневните часови заминување за Македонија.


6ден / 03.01 (недела) СКОПЈЕ      Пристигнување во Македонија во пладневните часови.


паќет цена по лице со вклучена Новогодишна вечера: 285 / 17.670мкд

 ПРОМО цена за уплата до 04.12.20:
260 / 16.120мкд
 


 Во цената на аранжманот е вклучено: 

  • - Превоз  на наведената релација со туристички автобус (според протоколите за патување 75% потполнетост);
  • - Сместување во избраниот хотел со 5* на база 3 ноќевања / all inclusive услуга со вклучена Свечена новогодишна прослава со новогодишно мени и неограничени безалкохолни пијалоци;
  • - Посета на Outlet Novada;
  • - Туристичка такса во хотелите;
  • - Пратител на патувањето и организација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

  • - Посета на Памуккале - 45€ (превоз / влезница / ручек / водич)
  • - Куќата на Дева Марија и Античкиот Град Ефес - 30€ (превоз / влезница / водич)
  • - Доплата за еднокреветна соба +85€ / 5.270мкд од цената на аранжманот.
  • - Дете до 7 години - БЕСПЛАТНО / Дете од 7 до 12 години со 2 возрасни лица, плаќа 142€ / 8.800мкд.
  • - Патничко осигурување 200мкд (без франшиза до 64 години) 

 НАПОМЕНА:

  • - Се патува преку Република Бугарија и НЕ е потребен PCR тест;
  • - Kапацитетот на автобусот според протоколите за патување е 75% потполнетост;
  • - Трансферите од: Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Крива Паланка се вклучени во цената;
  • - Местата на седење во автобус ќе бидат направени според датумот на уплата;
  • - При резервација се плаќа 30% од цената на аранжманот, останатите 10 дена пред поаѓање;
  • - Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на влезниците во локалитетите;
  • - За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници;
  • - Пасошот да има важност од минумум 180 дена од датумот на завршување на аранжманот.

 ПОНУДА НА ХОТЕЛИ


 Хотел "Tusan Beach Resort" 5* website  

    

-All Inclusive концепт: Појадок, ручек, вечера. Локални пијалоци, алкохолни и без-алкохолни со неограничена конзумација помеѓу 10:00 – 23:00;
- 31.12.2020 Новогодишна Гала Вечер: Ball Orchestra, Mezdeke Show, неограничени пијалоци до 2 часот наутро според моменталните протоколите за Covid 19 во Република Турција 

- 01.01.2021 Brunch – 08:00 - 14:00;                           
- Бесплатни активности: Кино, внатрешен базен, Пинг Понг, Тенис, терени за Баскет, Бадминтон, Шах, ОК, Карти, Сауна, Турска бања;
- Платежни активности: Телефон, Минибар во соба, Билијард, Масажа, Играчница за деца, Куглана;
- Овој хотел покрај море е неколку чекори од песочната плажа со сино знаме. Има 2 отворени базени и детски воден парк и нуди климатизирани соби со балкони и поглед на Егејско Море. Собите во Tusan Beach Resort имаат модерен мебел и приватна бања. Тие доаѓаат опремени со сеф и телевизор со сателитски канали. Има различни меѓународни опции за јадење. Ресторанот „Lykia“ служи морска храна и турски ќебапи. Отворен ресторан “Zeugma” има поглед на море и служи регионална кујна подготвена од свежи локални состојки. Хотелот има спа центар кој што нуди сауна, турска бања, финска сауна, масажа, козметички третмани.


 Хотел "Aria Claros Beach & Spa Resort" 5* website 

     

- All Inclusive концепт: Појадок, ручек, вечера. Локални пијалоци, алкохолни и без-алкохолни со неограничена конзумација помеѓу 10:00 – 23:00
- 31.12.2020 Новогодишна Гала Вечер: Orchestra, Oriental Show, неограничена конзумација  неограничени пијалоци до 1:30 часот наутро.
- Хотелот е сместен на рид со поглед кон заливот Claros, овoj  hotel на плажа нуди сместување во неколку типа соби како што се DBL/TWIN - двокреветна соба , SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит.
- Има неколку продажни места за храна, приватна плажа и аквапарк. Спа центарот  има затворен базен од 3600м2, солариум и фитнес центар. Исто така, вклучени се тениско игралиште, куглана и разни активности како што се  спортовите на вода.
- Опциите за храна во Aria Claros Beach & Spa Resort вклучуваат ресторан на теараса со  панорамски поглед и тематски ресторани


 Хотел "Korumar DeLuxe" 5* website 

    

- All Inclusive концепт: Појадок, ручек, вечера. Локални пијалоци, алкохолни и без-алкохолни со неограничена конзумација помеѓу 10:00 – 23:00;
- 31.12.2020 Новогодишна Гала Вечер: Ball Orchestr  a, Mezdeke Show, неограни  чени пијалоци до 2 часот наутро според моменталните протоколите за Covid 19 во Република Турција;
- 01.01.2021 Brunch – 08:00 - 14:00;      
- Бесплатни активности: Кино, внатрешен базен, Пинг Понг, Тенис, тере  ни за Баскет, Бадминтон, Шах, ОК, Карти, Сауна, Турска бања;
- Платежни активности: Телефон, Минибар во соба, Билијард, Масажа;
- Корумар е хотел со 5 вездички, сместен на карпа што излегува на Егејско Море од каде ужива прекрасен  поглед кон островот Гулаб. Има 2 приватни плажи, 2 базени и обемни спа објекти;
- Собите во Hotel Korumar Deluxe излегуваат на приватни опремени балкони со поглед на море. Секоја соба е опремена со сателитски ТВ канали и имаат сопствени бањи со туш или када;
- Гостите можат да изберат меѓу турската кујна и меѓународните класични јадења. Можете да уживате во храната  со погледот на море на терасата, или во внатрешноста на ресторанот  во елегантен амбиент . Објектите на хотелот вклучуваат тениски игралишта, теретана, традиционален амам, топла када и третмани за масажа. 


 За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.


Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси