TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2021 Година | Белград

термин: 31.12 - 2ноќи | 95 / 5.890мкд

Б Е Л Г Р А Д

 сместување во хотел Abba 4*  
                                      

 
Tермин: 31декември2020 | 3дена / 2ноќи со превоз  |  разглед на Белград со водич |
посета на Galerija Mall & IKEA


1ден/ 31.12 (четврток) ШТИП - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - КУМАНОВО - БЕЛГРАД  ***ДОЧЕК НА НОВА 2021 ГОДИНА***

Поаѓање од Штип во 00:30 часот (пред Стадионот-нова пошта). Од Велес во 01:15 часот (бензиска Макпетрол-кружен тек на влезот во Велес). Од Скопје во 02:00 часот (пред VIP хотел наспроти Саем). Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 10 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Сместување во хотел  Abba 4*. Слободно време за одмор или подготовска на новогодишната ноќ.  Вечерта, организиран бесплатен трансфер од хотел до центар на Белград и обратно за дочек на Нова 2021 Година на Плоштад или во некој од многуте ноќни барови, дискотеки или во кафана на добро познатата Скадарлија. Во утринските часови, враќање во хотел. Ноќевање.             


2ден/ 01.01.21 (петок) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД 

Појадок. После појадокот организиранa факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина… Целодневна посета на Градот. На враќање во попладневните часови, посета на Outlet Indzija доколку е отворен на 01.01. Враќање во хотел. Ноќевање.  


3ден / 02.01.21 (сабота) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА

Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон најновиот и атрактивен трговскиот центар Галерија. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка. Попатно кон Македонија посета на IKEA. Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 105€ / 6.510мкд
за уплата до 04.12.20:    95€ / 5.890мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со туристички автобус (се патува според проток за патување 75% потполнетост);
- разглед на Белград со локален водич;
- 2 ноќевања со појадок  во одличен и проверен 4* хотел  Abba  во Белград;
- организација и реализација на патувањето со придружник од агенцијата;
- посета на најновиот и атрактивен, шопинг центар Galerija.
- посета на  IKEA.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- факултативна посета на Нови Сад - 750мкд (пријавување во агенција при резервација / мин. 35 пријавени за реализација);
- туристичка такса - 200мкд по лице за цел престој  (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
- здравствено патничко осигурување 120мкд за лица до 64год.


Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (75% исполнетост на автобус според протокол за патување);
  • За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
  • За реализација на факултативата Нови Сад потребно е мин. 35 пријавени лица;
  • За патување со сопствен превоз - 10€ од цената;
  • Трет возрасен плаќа ист износ како и останатаите две лица;
  • За (SNGL) еднокреветна соба +1.550мкд доплата од цената на аранжманот.
  • Уплата исклучиво во денари.

 Забава и инфо за клубови и ресторани во Белград  кликнете овде


Опис на хотел Abba 4*

 

Хотелот "Abba" е модернистичко, ново и единствено име на хотелскиот пазар. Светските патници допрва се запознаваат со квалитетите на овој хотел кој претставува синоним за квалитет и комфор. Хотелот се наоѓа во општина Вождовац во непосредна близина до срцето на Белград (хармот Свети Сава). Секоја соба има клима уред, ТВ ЛЦД, бесплатен WI-FI интернет и бесплатен паркинг.

 

   
   


 Новогодишна програма во БЕЛГРАД

НАСКОРО!

   

   


За овој аранжман важат
Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси