TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2021 Година | Истанбул

термин: 30.12 - 2ноќи | 79 / 4.900мкд

 

И С Т А Н Б У Л


Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата, тој пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 30 декември 2020 | 4 дена / 2 ноќи | Aвтобус

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 30.12 (среда) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од Градови во однапред договорено време: Струмица (Бензинска "Makpetrol" - кружен тек)Штип (пред Стадионот)Скопје (Хотел "ВИП" - наспроти саем)Куманово (Бензинска "Makpetrol" - Автопат). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.    Се патува преку Бугарија без PCR тест!!


2ден / 31.12 (четврток) ИСТАНБУЛ (Дневна журка по Босфор   ***ДОЧЕК НА НОВА 2021 ГОДИНА*** )
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. Сместувањето е во хотел со 3* во областа Лалели. Патниците добиваат слободно време за пауза. Остатокот од денот е предвиден за три часовно КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ (дневна журка по Босфор). Враќање во хотел. Слободно време за одмор. ДОЧЕК НА НОВАТА 2021 ГОДИНА - на еден од најдобрите ресторани на кровот на хотел со прекрасен поглед на Истанбул. Дополнителни информаци, дополнително.  


3ден / 01.01 (петок) ИСТАНБУЛ ( Минијатурк - Sapphire Seyir Terasi - Emaar Squere Mall - Watergarden - ТАКСИМ )
Појадок. После појадокот факултативна посета на Минијатурк кој зафаќа површина од вкупно 60.000 метри квадратни со тоа што претставува најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури: 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25 и претставуваат идеално место за оние кои сакаат турнеа низ Турција односно претставува мал модел на големата земја. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. По убавините на Сафирот се упатуваме кон Emaar Square Mall и Wathergarden. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот Emaar Aquarium & Underwater Zoo кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите и над 20.000 видови на морски суштества како и 200 видови на водоземни животни. Покрај Emaar Square го посетуваме и Watergarden, оваа дестинација е на нашата листа бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Поатоа, прошетка кон ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден / 02.01 (сабота) ИСТАНБУЛ ( Venezia Mega Outlet | Mall of Istanbul) - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на трговските центри: Venezia Mega Outlet (продавници од најпознатите брендови надополнети со романтичните канали и гондоли кои се заштитен знак на Венеција) и најголемиот трговски центар Mall of Istanbul. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи.


5ден / 03.01 (недела) МАКЕДОНИЈА     Пристигнување во утринските часови.


Цена на аранжманот: 955.890мкд
 
ПРОМО цена за уплата до 04.12.20: 79 / 4.900мкд


Дете до 12 години - 50% попуст  |   Еднокреветна соба + 40€ / 2.480мкд од редовната цена на аранжманот


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус (се патува според протокол за патување 75% во автобус);
- 2 ноќевања со појадок во  хотел со 4* во Истанбул (област Лалели);
- посета на трговските центри: Venezia Mega OutletMall of Istanbul;
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- посета на Минијатурк Saphire Seyir Terasi +  Emaar Square Mall Watergarden + Таксим - 40€ (факултативите не можат да се користат одделно);
- крстарење со брод по Босфор (3 часовна дневна журка по Босфор + Музика) 
- (дочек на Нова 2021 Година во ресторант на кровот на хотел со поглед на Истанбул)
- здравствено патничко осигурување.


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници (според протокол за патување 75% потполнетост во автобус);
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 5 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата во однос на распоредот на факултативите;

- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


  

  


Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси