TA Mediteran

Авионски програми

Нова 2021 Година / Дубаи

термин: 29.12 - 5ноќи | 915€ / 56.730мкд

  

Д У Б А И

Дубаи, втор по големина од седумте емирати на земјата, управуван од страна на Ал Мактум. Дубаи не е само центар на трговија и индустрија на Обединетите Арапски Емирати, исто така е и една од најголемите туристички дестинации во Блискиот Исток. Во последниве години, посвети многу енергија и напор во развојот на туристичката индустрија која се соочува со светла иднина. Комбинација на најдобрите хотели, белите плажи на Jumeirah Beach, чистиот луксуз, фасцинантните архитектонски проекти и ориенталната атмосфера ќе ја претворат секоја посета во незаборавно искуство. Посетителите на Дубаи, ќе наидат на  совршено организирана услуга, висока технологија, фантастичниот подводен свет - со еден збор, сите контрасти што ги исполнува срцето на секој светски патник. 

 

 


Термин: 29 Декември 2020 | 6дена - 5ноќи | Авион  


 

1ден/ 29.12 (вторник)  СОФИЈА - ДУБАИ
Поаѓање од аеродромот во Софија во 08:00 часот со чартер лет EAF201 кон Обединетите Арапски Емирати. Слетување во Обединетите Арапски Емирати, аеродромот Sharjah во 15:00 часот и трансфер во избраниот хотел (околу 45 минути). Сместување. Слободно време за одмор. Факултативно: Крстарење со вечера по новиот канал на Дубаи до Бизнис Беј и центарот на Дубаи - (Цена: 70,00 €, дете: 50,00 €) Време на започнување: 19:00 часот. Времетраење: 2 часа Двочасовно крстарење на традиционален арапски брод. Уживајте во една сосема поинаква и неверојатно убава панорама на Дубаи! Ќе бидете импресионирани од прекрасно осветлените облакодери на Бизнис Беј, многуте 5 ѕвездени хотели со интересна архитектура и раскошот на Бурж Калифа. Ќе видете пречекани со традиционално арапско кафе придружено со ладни освежителни пијалоци. Ќе ја почувствувате живата атмосфера на градот пропратено со преубавата арапска музика. Вкусот на Арабија ќе биде надополнет со ароматно мезе, свежи салати, месо на скара и извонредни колачи. Ќе бидете воодушевени од танчерската уметност танура додека го преминуваме мостот со вештачки водопад и водената завеса која се издигнува за да помине бродот! Ноќевање.


2ден/30.12 (среда)  ДУБАИ 
Појадок. Одморени и свежи после првата вечер во Дубаи, Ве покануваме на Панорамска разглед (вклучен во цена) со водич на бугарски јазик. Времетраење: 4 часа Програмата ќе ви овозможи да се запознаете со најинтересните знаменитости во Дубаи додека водичот Ви раскажува за историјата на емиратот, новите проекти и интересни факти од животот на локалното население. Ќе започнеме со посета на The Frame. Dubai Frame е висока 150 метри и широка 93 метри, изградена за да изгледа како огромна рамка со слики преку која можете да видите обележја што го претставуваат модерен Дубаи, како што се Emirates Towers и Burj Khalifa. Продолжуваме со посета на Историскиот музеј во Дубаи со восочни фигури, што го покажува целиот развој на Дубаи од времето на бедуините, ловците со бисери и пиратите од Персискиот залив до модерната метропола. Зградата е во спротивност со модерните облакодери, презентирајќи автентична локална архитектура. Ќе имате можност да се запознаете со уникатни експонати од историското и културното наследство на овие земји. Следно е булеварот со облакодерите Sheikh Zayed Road - ќе поминеме покрај трговскиот центар Emirates Mall во се наоѓаат ски пистата на затворено, Dubai Media City и Dubai Internet City со канцелариите на водечките глобални медиуми и софтверски компании. Продолжуваме кон хотелот Атлантис, патувајќи по „стеблото“ на палмата Jumeirah, првиот од трите вештачки острови во форма на палма. Секако, нема да ја пропуштиме паузата за фотографирање пред иконскиот хотел Burj Al Arab 7 *, изграден во форма на бродско платно свртено кон морето. Завршуваме со посета на Дубаи Марина - дом на зачудувачки и воодушевувачки облакодери, марина и арена на локални шеици. Факултативно: Global Village (35,00 евра) Време на започнување: 18:30 часот. Времетраење: 4 часа Вечерта имаме задоволство да ве поканиме да се потопите во културата на светот - над 30 павилјони од 75 различни земји, кафулиња и ресторани лоцирани околу каналот со спектакуларни шеталишта. Милиони посетители се забавуваат со исклучителни настапи во живо и концерти, вкусни интернационални јадења, автентични занаети и производи од различни земји. Ќе имате можност да купите рачно изработен накит од целиот свет, уникатни сувенири и уметнички дела. Ноќевање.


3ден/31.12(четврток)  ДУБАИ 
Појадок. Слободно време за плажа, шопинг и забава. Факултативно: Цветни градини и Madinat Jumeirah - (Цена: 45,00 €, дете: 40,00 €) Време на поаѓање: 08:30 часот. Времетраење: 4 часа Бројни шарени теписи од цвеќе среде пустина! Вие нема да можете да ги одвоите сетилата од екстраваганцијата и аромата на милионите цвеќиња наредени во разни неверојатни облици, кои се протегаат околу вас, а кога и да се вратите овде аранжманот и нијансите се различни. Овие волшебни градини се создадени од човечки раце на површина од 72.000 кв.м. и се дом на 120 милиони растенија. Продолжувате кон комплексот Madinat Jumeirah, кој се наоѓа недалеку од Burj Al Arab и е опишан како најзеленото и најегзотичното место во Дубаи. Затвроениот дел од пазарот е вистински лавиринт на мали улици, каде имате чувство дека се наоѓате во бајка. Бујна зелена вегетација и вода што ве опкружува од секаде, и која лебди непречено минувајќи низ десетиците ресторани, игралишта, летни театри и оди далеку во комплексот, каде има неколку супер скапи и луксузни хотели од кои најпомпезен е Burj Al Arab. Факултативно: Burj Khalifa – “At the Top” (цена: 60,00 €, дете: 50,00 €) Каде, ако не во Дубаи, можете да се искачите на највисоката зграда во светот? Несомнено најимпресивното обележје во емиратството е Бурж Калифа. Со своите 828 метри, тоа е највисоката зграда во светот, која може да се види со голо око од оддалеченост од 95 километри. “At The Top” се наоѓа на 124-ти кат на Бурж Калифа и нуди неверојатен, скоро 360-степени поглед на градот. Во чисто време, може да се видат дури и облакодерите на соседниот емират на Sharjah. Билетите се купуваат однапред за точниот ден и време. Влезницата вклучува брз лифт до 124-ти кат и неограничен престој. Факултативно: All inclusive Новогодишна прослава Прославете ја новата година 2021 година во празнична атмосфера! Уживајте во богата програма со диџеј и многу забава, маски и огномет! Мени на избрани и разновидни јадења, алкохолни и безалкохолни пијалоци. Ноќевање.


4ден/01.01(петок)  ДУБАИ 
Појадок. Слободно време за плажа, шопинг и забава. Факултативно: Џип сафари со вклучена вечера - (Цена: 70,00 €, дете: 55,00 €) Време на поаѓање: 14:45 часот. Времетраење: 6 часа Единствени, романтични и авантуристички! Дозволете убавата мека бела светлина на месечината да падне на вашето лице за време на волшебните моменти во пустината по зајдисонце со почетокот на ноќта ... Ќе застанете на пауза за фотографирање за да направите слики во убавината на арапската пустина, да ги видите камилите во нивната природна околина и да ја зачувате глетката на прекрасното зајдисонце. Слегувајќи надолу и нагоре по стрмните дини на песок, ќе одите во бедуински камп, каде ќе имате можност да возите камила, да добиете привремена тетоважа, да се облечете во арапска облека или да пушите наргиле. За вечера ќе имате скара. Безалкохолни пијалоци, кафе, чај и минерална вода се неограничени, а за десерт ќе пробате арапски колачи подготвени на лице место додека чекате. Кришна танчерка ќе го заврши ова несекојдневно патување со вистински арапски танц. Ноќевање.


5ден/02.01(сабота)  ДУБАИ 
Појадок. Слободно време за плажа, шопинг и забава. Факултативно: Екскурзија до Абу Даби - (Цена: 75,00 €, дете: 65,00 €) Време на поаѓање: 08:00 часот. Времетраење: 10 часа Абу Даби е ултра-модерен град, исто така наречен Менхетен на Средниот исток, во исто време и „најзелениот град“ во регионот со изобилство на прекрасни паркови и градини. Влегувајќи во градот, ќе бидете зачарани од раскошот на Белата џамија Sheikh Zayed - најпознатото обележје на Абу Даби, една од зградите со најголема архитектонска вредност во Обединетите Арапски Емирати, како и една од најубавите џамии во светот. Градена над 11 години од повеќе од 3.000 работници, џамијата ќе ви го одземе здивот со најголемиот светски мермерен мозаик, најголемиот килим во светот на површина од 5.600 метри квадратни и тежи 47 тони, како и еден од најголемите лустери со дијаметар од 10м и висина од 15м украсени со безброј кристали на Сваровски. По посетата на џамијата ќе продолжиме кон Heritage Village - автентичен музеј на отворено со прекрасен поглед кон Corniche и зачудувачкото небо на Абу Даби - тука ќе се запознаеме со животот на мештаните пред откривањето на нафтата во средината на минатиот век! Патувањето продолжува со фото-стоп пред неверојатниот хотел во форма на замокот „Емирати Палас“. Инвестирани се околу 3 милијарди долари во хотелот и трудот на 20.000 работници во текот на 3 години. Во хотелот работат околу 1.800 вработени од 49 земји, а во украсувањето на десерти годишно се користат повеќе од 5 кг чисто злато за јадење. Попладне ќе се одмориме во Marina Mall, потоа ќе продолжиме со посета на Qasr Al Watan - сегашната палата на шеикот, дом на Врховниот совет на ОАЕ и Федералниот кабинет. Ќе бидете импресионирани од белата фасада на палатата, со повеќе од 5.000 геометриски и цветни мотиви инспирирани од традиционалната арапска иконографија. Секоја од вратите на палатата е изработена од цврст јавор со цврсто извајани детали од 23 каратно злато. Долга 100 метри, 100 метри ширина и покриена со купола со дијаметар од 37 метри, Големата сала е архитектонско срце на Qasr Al Watan. Во попладневните часови ќе го посетиме островот Јас / Island Yas / - познат по својата Гран-при патека во Формула 1 (посета на патеката не е вклучена) и продавниците на компанијата на забавниот парк Ferrari World. Кратко слободно време за прошетка во Yas Mall. Ноќевање.


6ден/03.01(недела)  ДУБАИ-СОФИЈА 
Појадок. Слободно време. Ослободување на хотелот на пладне. Трансфер до аеродромот. Лет за Бугарија во 17.00 часот. Слетување на аеродромот во Софија во 20.20 часот со незаборавни спомени од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати.


 EARLY BOOKING
5% попуст за резервации до 15.10.2020г

Име на Хотел Вид на сместување Услуга Цена по лице
Ibis One Central 3* DBL /2+0/ BB     915€
  SNGL /1+0/ 1.095€
Novotel WTC 4* DBL /2+0/    985€
SNGL/1+0/ 1.215€
    3-то возрасно лице    935€
 Дете до 6 години     735€
  Дете до 12 години    735€
Holiday Inn FC 4* DBL /2+0/ 1.165€
SNGL/1+0/ 1.515€
    3-то возрасно лице    965€
 Дете до 6 години    735€
   Дете до 12 години    815€
Crowne Plaza FC 5* DBL /2+0/  1.235€
SNGL /1+0/  1.665€
    3-то возрасно лице      965€ 
 Дете до 6 години      735€ 
  Дете до 12 години      835€ 

  


УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • Меѓународен пасош валиден 6 месеца после последниот датум на патувањето. 
  • Уплата на депозит (аванс) од 50 еур по лице 
  • Втора уплата на депозит(аванс) од 150 еур по лице до 01.11.2020 
  • Целосна уплата до 29.11.2020.
  • За уплата, исклучиво, во денарска противвредност 1€ - 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авио билет со АК “Electra Airways”; 
  • Аеродромски такси; 
  • Чекиран багаж до 20 кг; 
  • Еден рачен багаж до 7 кг со димензии 56/45/25 см; 
  • Трансфер аеродром−хотел−аеродром; 
  • 5 ноќевања со појадок во избраниот хотел; 
  • Панорамски разглед на Дубаи со водич на бугарски јазик; 
  • Асистенција на место од лиценциран водич на бугарски јазик;
  • Представник на туроператорот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативните екскурзии кои се со доплата; 
  • Новогодишна прослава; 
  • Лични трошоци; 
  • Такса „Туристически Дирхам” во Дубаи-  се плаќа задолжително и лично од туристите при напуштање на хотелот и се пресметува на соба на ноќ: 5.50 USD за хотели 5*, 4.50 USD за хотели 4*, 3.00 USD за хотели 3* 
  • Патничко осигурување: Потребно е патничко осигурување кое покрива Covid-19 
  • Виза за граѓани со Македонски пасош: 160€ по лице за лица до 65 години 190 по лице за лица над 65 години

ФАКУЛТАТИВИ: 

  • Целодневнна туристичка обиколка на Абу Даби со вклучена посета на Претседателскиот дворец "Qasr Al Watan" 75€ возрасен / 65€ дете;
  • Бурж Калифа 60€ возрасен / 50€ дете;
  • Џип сафари со вклучена вечера 70€ возрасен / 55€ дете;
  • Крстарење и вечера на традиционален арапски брод 70€ возрасен / 50€ дете;
  • Global Village 35€ возрасен и дете;
  • Цветните градини и Madinat Jumeirah  45€ возрасен / 40€ дете.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Минимален број туристи за реализација на програмата: 160 лица. 
  • Краен рок за пријавување по програмата: 30 дена пред поаѓање. 
  • Рок за исвестување на клиентите за недоволен минимум за остварување на програмата е 20 дена пред датумот на заминување. 
  • Промена на цената и после склучувањето на договорот и наолжена доплата по истиот е можна при: промена на транспортните трошоци (гориво), аеродромски, пристанишни и други такси; промена за повеќе од 3% на валутниот курс во периодот помеѓу датумот на склучување на договорот и патувањето; непредвидено покачување на цените од страна на партнерите на организаторот на патување; како и други објективно наложени ситуации.
  • Дадените пакетни цени се калкулирани по курс на лев - долар 1.00 USD = 1.70 BGN. 
  • Поради промена на цените на горивото, авиокомпаниите може да наплатат т.н. такса за гориво (fuel surcharge). Во овој случај, организаторот го задржува правото да ја промени цената на патувањето во сразмер со новата вредност на таксата за гориво и таа промена на цената ќе биде задолжителна за сите резервации кои го опфаќаат летот за кој се наплаќа, без оглед на тоа кога се направени. Цените на горивото во програмата се пресметуваат со параметри 450 УСД / тон и 1 евро = 1,14 долари. Во случај на промена на цената на горивото, може да се наплатува такса за гориво. Оваа такса треба да ја објави организаторот и да ја плати корисникот не подоцна од 21 ден пред датумот на поаѓање. 
  • Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на поаѓање и слетување, за што организаторот ќе ги извести корисниците навремено.
  • Органзиаторот на патување и туристичката агенција НЕ се одговорени за промена на музејските такси и часовите за отворање на музеите. Може да се појават промени. Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на програмата од причини кои не се под негова контрола и не е одговорен за туристите кои може да имаат забрана од релевантните гранични органи. 
  • Сите фактултативни екскурзии се резервираат и плаќаат пред патувањето во агенцијата каде е направена резервацијата. 
  • Пред поаѓањето, организаторот на патување и туристичката агенција ќе ги информираат туристите за можните барања, процедури и препораки за влез и престој во Обединетите Арапски Емирати.

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ:

  • до 01.11.2020: без пенали; 
  • од 02.11.2020 се задржуваат првиот и вториот депозит;
  • од 29 дена до датумот на патување: пеналите се во висина на 100 % од износот на целиот договор за патување;
  • *Исклучок од плаќање на пенали од страна на клиентите е само во случај на развој на епидемиолошка состојба и опструкција на патувањето заради затворање на границите на Бугарија и Обединетите Арапски Емирати. Во овој случај, тур-операторот е должен да го врати износот што го платил корисникот во рок од 14 дена од денот на поаѓањето;
  • * Во случај на затворање на границите на Македонија и Бугарија до 01.12.2020 уплатените средства ќе бидат целосно вратени. Почнувајќи од 01.12.2020 година за откажување на патувањето по основ на затворање на граници, ќе се земаат во предвид само регулирањето на границите меѓу Бугарија и ОАЕ.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси