TA Mediteran

Грција

ЛЕТО 2020 | КЕФАЛОНИЈА

 

 К Е Ф А Л О Н И Ј А

Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.
Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан. Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз. Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров. Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

 

    

 

ПРОГРАМА

Плажа Миртос 
Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.

Плажа Антисамос
Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

Xi Orange Beach – Портокалова плажа
Се наоѓа на 40км од главниот град на Кефалонија. Оваа плажа е посебно интересна за посетителите заради портокаловата бојата на песокот, која што се добива од чудната комбинација на бојата на песокот со сончевите зраци.Тука можете да уживате во некој од многуте барови и да се напиете некој освежителен коктел.

Крстарење по Островот Итака
Островот Итака се наоѓа на североисток од Кефалонија и е еден од 7 те Јонски остови со површина од 120 км2. Според легендите Итака е родното место на Одисеј. Овде се пронајдени остатоци од куќа од осмиот век пред нашата ера што е период во кој се верува дека Одисеј живеел како крал на Итака. Во последните години грчките медиуми изјавуваат дека ќе го претворат овој остров во мало “Монако” со супер луксузни хотели, вили, терен за голф, пристаниште за 200 јахти и целосно опремена туристичка населба. Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли
Аргостоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од заливот, а  другата страна на заливот го поврзува со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот. Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја. Во овој град ќе можете да посетите поголем број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

Пештерата Мелисани со подземното езеро
На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро. Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. 

Плажа Скала
Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака


Вила „КRISTI“ 

Вила Кристи се наоѓа на само 150метри од плажа Рагиа во Порос, а на само 5 минути пешачење од центарот каде што може да уживате во некои од рестораните, таверни или барови. Располага со двокреветно, трокреветно и четорокреверно студио и петокреветен апартман. Секоја соба располага со мини кујна, со решо и фрижидер и балкон. Интернет има во заедничка просторија за гостите. Оцена на booking за оваа вила е 9,5.

   

Villa
"KRISTI“

термин  ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ    СЕПТЕМВРИ
28 07 16 25 03 12 21 30 08
бр. ноќи  9  9 9  9 9 9 9  9
1/2 студио 239 249 269 329 329 329 279 279 245
1/3 студио 229 239 269 319 319 319 269 269 239
1/4 студио 209 219 249 249 249 249 229 229 209
1/5 АПТ      199 209 229 239 239 239 219 219 199

Цените се дадени по лице со вклучен превоз
Термините се датум на започнување на аранжманот, тргнувањето е ден порано !
 


  • Цената на аранжманот вклучува:

  • - Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос по лице
  • - Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • - Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • - Организација на аранжманот и пратител на групатa

  • Цената на аранжманот не вклучува:
  • - Доплата за туристичка такса 0,5 € -  по лице на ден (се плаќа во агенција)
  • - Kористење на клима уред (се доплаќа)
  • - Факултативни излети
  • - Индивидуални трошоци
  • - Патничко осигурување

  • НАПОМЕНА:

  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува;
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје;
  • Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30ч, тргнување 18:00ч;
  • Напуштање на собите е во 09:00ч;
  • Тргнувањето од Кефалонија/Порос  е предвидено во попладневните часови;
  • Користење само на превоз е 99€.

 Вила „ALEKOS

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман. Сите соби имаат клима (доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

   

Villa
"Alekos“

термин  ЈУЛИ АВГУСТ     СЕПТЕМВРИ
07 16 25 03 12 21 30 08
бр. ноќи   9 9  9  9  9  9  9
   1/2 студио 249 269 329 329 329 279 279 249
   1/3 студио 239 269 319 319 319 269 269 239
1/5 АПТ  209 229 239 239 239 219 219 199

Цените се дадени по лице со вклучен превоз
Термините се датум на започнување на аранжманот, тргнувањето е ден порано !


  • Цената на аранжманот вклучува:

  • - Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос по лице
  • - Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • - Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • - Организација на аранжманот и пратител на групатa

  • Цената на аранжманот не вклучува:
  • - Доплата за туристичка такса 0,5 € -  по лице на ден (се плаќа во агенција)
  • - Kористење на клима уред (се доплаќа)
  • - Факултативни излети
  • - Индивидуални трошоци
  • - Патничко осигурување

  • НАПОМЕНА:

  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува;
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје;
  • Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30ч, тргнување 18:00ч;
  • Напуштање на собите е во 09:00ч;
  • Тргнувањето од Кефалонија/Порос  е предвидено во попладневните часови;
  • Користење само на превоз е 99€.

Вила „АSTIR“

Вила Астир располага со двокреветни трокреветни студија и петокреветен апарман. Сите соби имаат клима (доплата на лице место), кујна и тераса. Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

   
 

Villa
"Astir“

термин  ЈУЛИ АВГУСТ     СЕПТЕМВРИ
07 16 25 03 12 21 30 08
бр. ноќи  9  9 9  9  9  9
1/2 студио 249 269
329 329 329 279 279 249
1/3 студио 239 269 319 319 319 269 269 239
1/5 АПТ      209 229 239 239 239 219 219 199

Цените се дадени по лице со вклучен превоз
Термините се датум на започнување на аранжманот, тргнувањето е ден порано !


  • Цената на аранжманот вклучува:

  • - Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос по лице
  • - Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • - Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • - Организација на аранжманот и пратител на групатa

  • Цената на аранжманот не вклучува:
  • - Доплата за туристичка такса 0,5 € -  по лице на ден (се плаќа во агенција)
  • - Kористење на клима уред (се доплаќа)
  • - Факултативни излети
  • - Индивидуални трошоци
  • - Патничко осигурување

  • НАПОМЕНА:

  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува;
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје;
  • Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30ч, тргнување 18:00ч;
  • Напуштање на собите е во 09:00ч;
  • Тргнувањето од Кефалонија/Порос  е предвидено во попладневните часови;
  • Користење само на превоз е 99€.

Вила „MAKEDONIJA“

Вила Македонија е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос во првата уличка. Се состои од двокреветни и трокреветни студија, и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со прибор за соодветниот број на лица и тераса. Вилата се наоѓа на околу 270 метри или 3 минути од најблискиот базен, кој е достапен за гостите со конзумација. Вилата има безжичен интернет и клима уред за чие користење со доплатува по желба на лице место. 

    

Villa
"Makedonija“

термин  ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ     СЕПТЕМВРИ
13 22 01 10 19 28 06 15 24 02 11
бр. ноќи  9  9 9 9 9 9  9  9  9
1/2 студио 169 189 209 239 279 279 279 249 229 179 159
1/3 студио 169 189 209 239 279 279 279 249 229 179 159
     1/4 студио      159 179 199 229 269 269 269 229 209 159 139
1/5 студио 159 179 199 229 269 269 269 229 209 159 139

  • Цената на аранжманот вклучува:

  • - 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија
  • - Автобуски превоз на дадената релација
  • - Туристички придружник за време на патувањето

  • Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко осигурување
  • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 по соба од ден (се плаќа во автобус)

 

  •  НАПОМЕНА:

  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет;
  • За сопствен превоз се одземаат 20 само на редовните цени;
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата;
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра;
  • Доплата за клима 5 од ден по желба;
  • Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите;
  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен;
  • Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица.

Вила „ZANZA"

Вила Занза се наоѓа на само 15 метри од плажата и на 400 метри од центарот. Во понудата има студија за 2 лица опремени со мини кујна. Секое студио има свој тоалет и можност за користење на клима со доплата по желба. Собите се со бочен поглед на море. Вилата има безжичен интернет.

     

Villa
"Zanza"

термин  ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ     СЕПТЕМВРИ
13 22 01 10 19 28 06 15 24 02 11
бр. ноќи  9  9 9 9 9 9  9  9  9 9
1/2 студио 189 209 249 259 299 299 299 269 249 199 179

  • Цената на аранжманот вклучува:

  • - 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија
  • - Автобуски превоз на дадената релација
  • - Туристички придружник за време на патувањето

  • Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко осигурување
  • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50€ по соба од ден (се плаќа во автобус)

  •  НАПОМЕНА:

  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет;
  • За сопствен превоз се одземаат 20€ само на редовните цени;
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата;
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра;
  • Доплата за клима 5€ од ден по желба;
  • Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите;
  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен;
  • Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица.

 За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.


Погледнете останата понуда / Острови

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси