TA Mediteran

Хрватска

ЛЕТО 2018 / МАКАРСКА - Автобус

 

М А К А Р С К А

  пакет аранжман за 7 и 14 ноќевања со превоз  

 


Mагичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел - Далмација. Оваа туристичка мека, доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе Ве остават без зборови. Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација! Во вашиот избор и размислувања, - кое место од многуте нанижени од двете страни на градот Сплит: Тучепи, Макарска, Подгора, Брела, Трогир, Примоштен, Шибеник, Водице... би ги избрале за одмор, ние за оваа сезона Ви ја предлагаме Макарска. Бисерот на Далмација и градот кој плени со сета негова содржина. Вам секако ви преостанува само да уживате во неа! А што всушност Макарска ви нуди?! Навистина многу... Близината на островите Брач, Хвар, Корчула... планината Биоково, не така далечните слапови на Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир... како и најблиските места: Башка Вода, Брела, Тучепи... се едноставно непрекината инспирација за збогатување на спомените кои можат да се стекнат за само едно лето во Хрватска и Далмација. Доколку пак посакате да го посветите своето време исклучиво на Макарска, сосема е извесно дека нема да останете без фотографии. Посетите на многуте историски градби, како 500 години стариот Фрањевачки самостан, единствениот Малаколошки музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св.Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот музеј, црквите на Св.Филип и Св.Петар... се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат.

 

    


"No name" Вили

 

пакет БУС
Макарска

термин на
поаѓање
ЈУНИ  ЈУЛИ АВГУСТ
 22 29 06 13 20 27 03 10  17 20
7 ноќевања 189 199 209 229 229 229 229 229 229 229
14 ноќевања 329 359 369 389 389 389 389 389 389 389
доплата за полупансион - 16€ од лице од ден

  •  НАПОМЕНА
  • -  Цените се дадени по лице за 7 или 14 ноќевања со вклучен превоз, при сместување на минимум 2 лица во соба;
  • -  Сместување во двокреветни соби;
  • -  Вилите се наоѓаат на оддалеченост од 150-300 метри од плажа и на околу 400-500 метри од центарот;
  • -  За потврда на резервација потребно е најмногу 24 часа од моментот на уплатата од 30% на аранжманот.
  •    Во случај да не се потврди резервацијата аконтацијата се врaќа во целост;
  • -  Поаѓањето за Макарска е во термините дадени во табелата (ноќно возење), пристигнувањето и сместувањето е наредниот ден;
  • -  Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

  •  ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • - Трето возрасно лице на дополнително легло -10% од цената;
    - Дете 2-10 години на дополнително легло -20%;
    - Дете 0-2 години - бесплатно;
  • - При патување со сопствен превоз се намалува -30€ од цената по лице;
    ИСХРАНA:
    - Појадок / Вeчера во еден од рестораните – Грма, Пешкера, Рома, Дани.
    - Појадокот е континентален, а вeчерата е избор на 2,3 мениa.
    - Боравишна такса за деца од 12-18 год 0.55 €, за возрасни 1.05 € од ден;
    - Во вилите има на располагање само мини - чајна кујна;
  • Ако се бара конкретнио име на вила, за сместување се доплатува + 10% од цената по лице;
  • - Доплата за патничко осигурување.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Медитеран.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси