TA Mediteran

Автобуски програми

8 МАРТ | Белград

термин: 05.03 - 2ноќи | 80€ / 4.960мкд

Б Е Л Г Р А Д

 сместување во хотел Srbija 3*  |  хоел Abba 4* 


 
Tермин: 05 март 2021 | 3 дена / 2 ноќи со aвтобус  |  разглед на Белград со водич |
посета на Ушче


1ден/ 05.03 (петок) ШТИП - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - КУМАНОВО - БЕЛГРАД
Поаѓање од Штип во 00:30 часот (пред Стадионот-нова пошта). Од Велес во 01:15 часот (бензиска Макпетрол-кружен тек на влезот во Велес). Од Скопје во 02:00 часот (пред VIP хотел наспроти Саем). Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 10 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Сместување во избраниот хотел: Srbija 3* или  Abba 4*. Слободно време за одмор или индивидуални активности.  Ноќевање.       


2ден/ 06.03 (сабота) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД 

Појадок. После појадокот организиранa факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Целодневна посета на Градот. На враќање во попладневните часови, посета на Outlet Indzija. Враќање во хотел. Организирана вечера со музика (факултативно). Ноќевање.            


3ден / 07.03 (недела) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА

Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон најновиот и атрактивен трговскиот центар Галерија. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка. Попатно кон Македонија посета на IKEA. Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.


Цена по лице со превоз: 

Хотел Srbija 3* - 80€ / 4.960мкд

Хотел Abba 4*  - 95€ / 5.890мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со туристички автобус (се патува БЕЗ PCR тест, според протокол за патување);
- разглед на Белград со локален водич;
- 2 ноќевања со појадок  во избраниот хотел Srbija 3* или  Abba 4* во Белград;
- организација и реализација на патувањето со лиценциан придружник од агенција;
- посета на најновиот и атрактивен, шопинг центар Galerija.
- посета на  IKEA.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- факултативна посета на Нови Сад - 750мкд (пријавување во агенција при резервација / мин. 30 пријавени за реализација);
- факултативна вечера со музика - 20€;
- туристичка такса - 200мкд по лице за цел престој  (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
- здравствено патничко осигурување 120мкд за лица до 64год (незадолжително).


Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници (се патува БЕЗ PCR тест, според протокол за патување);
  • За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
  • За реализација на факултативата Нови Сад потребно е мин. 35 пријавени лица;
  • За патување со сопствен превоз - 10€ од цената;
  • Трет возрасен плаќа ист износ како и останатаите две лица;
  • За (SNGL) еднокреветна соба +1.550мкд доплата од цената на аранжманот.
  • Уплата исклучиво во денари.

 


Опис на хотел  Abba 4*

 

Хотелот "Abba" е модернистичко, ново и единствено име на хотелскиот пазар. Светските патници допрва се запознаваат со квалитетите на овој хотел кој претставува синоним за квалитет и комфор. Хотелот се наоѓа во општина Вождовац во непосредна близина до срцето на Белград (хармот Свети Сава). Секоја соба има клима уред, ТВ ЛЦД, бесплатен WI-FI интернет и бесплатен паркинг.

 

   
   


Опис на хотел  Srbija 3*

Хотелот се наоѓа во областа Шумица на само 5km од центарот на градот. Има одлична поврзаност со центарот на градот со градски превоз. Располага со 302 дво и трокреветни соби со вкупно 650 легла на 17 ката каде се наоѓа и еден од рестораните каде се служи појадокот со прекрасен поглед на целиот град. Комплетно е реновиран во 2005 година. Секоја соба има ТВ со сателитска, минибар, клима, Wi Fi интернет-бесплатен, голем лоби бар, рецепција. 

 

   
   


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси