TA Mediteran

Автобуски програми

8 МАРТ | Златибор

термин: 05.03-2ноќи |105€ / 6.510мкд

 

З Л А Т И Б О Р

 

 

Термин: 05 март 2021 | 3 дена / 2 ноќи | Aвтобус

 

1ден / 05.03 (петок)  Скопје - Златибор
Состанок на групата во 21:00часот во Кавадарци, Велес 21:45часот, Скопје 22:30часот и Куманово во 23:00часот и поаѓање кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.


2ден / 06.03 (сабота)  Златибор 
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во апартмански комлекс Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Ноќевање.


3ден / 07.03 (недела)  Златибор - Дрвенград
Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и  познатата златиборска пршута и кајмак. Вечерта, факултативно, свечена вечера со музика во ресторанот на Вила Јелена. Ноќевање.


4ден / 08.03 (понеделник)  Златибор - Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници.  Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 105€ / 6.510мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (50% пополнетост на автобус по протокол);
- Две ноќевања со појадок во Апартмански Комплекс Вила Јелена;
- Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода со локален туристички водич;
- Посета на Врњачка Бања;
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Влезница во музејот во Сирогојно – 150динари (околу 80мкд);
- Влезница во Дрвенград 250динари (околу 120мкд);
- Туристичка такса која се плаќа во хотел - 2€ по лице за двете ноќи;
- Свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот доколку постои протокол за тоа – 15€ по лице;
- Задолжително патничко осигурување.


Напомена:
За реализација на патувањето се потребни минимум 30 патници;
Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62мкд;
Пасошот треба да важи минимум 3  месеци по завршување на патувањето и можност за патување со лична карта;


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси