TA Mediteran

Aвтобуски програми

8 Декември | Истанбул

термин: 04.12 - 2ноќи | 79 / 4.900мкд

 

И С Т А Н Б У Л


Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата, тој пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 04 декември 2020 | 4 дена / 2 ноќи

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 04.12 (петок) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Струмица (Бензинска "Makpetrol" - кружен тек), Штип (пред Стадионот)Скопје (Хотел "ВИП" - наспроти саем)Куманово (Бензинска "Makpetrol" - Автопат). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.    Со официјално одобрение од бугарската влада, патувањето е овозможено без приложување на PCR тест!!


2ден / 05.12 (сабота) ИСТАНБУЛ (Хиподром | Сина Џамија | Топ Капи | Миниjатурк | Сафир Сеир Тераси | Таксим)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. Сместувањето е во хотел со 4* во областа Лалели. По кратка пауза се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Палатата Топ Капи - музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Индивидуално враќање во во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Попладне, факултативна посета на Минијатурк кој зафаќа површина од вкупно 60.000 метри квадратни со тоа што претставува најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури: 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25 и претставуваат идеално место за оние кои сакаат турнеа низ Турција односно претставува мал модел на големата земја. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. По убавините на Сафирот се упатуваме на прошетка кон ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден / 06.12 (недела) ИСТАНБУЛ ( Долма Бахче Сарај | Крстарење - Босфор | Момина Кула | Ускудар | Emaar Square Mall & Wathergarden Mall )
Појадок. После појадокот факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. По посетата на Долма Бахче Сарај ќе имате можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел... прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. По крстарењето, групата се упатува кон Момината Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Момината кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата. Посета на Ускудар. Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционални отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот и познатата алва во боја ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме Босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм. Факултативна посета на Emaar Square Mall и Wathergarden. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот Emaar Aquarium & Underwater Zoo кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите и над 20.000 видови на морски суштества како и 200 видови на водоземни животни. Покрај Emaar Square го посетуваме и Watergarden, оваа дестинација е на нашата листа бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден / 07.12 (понеделник) ИСТАНБУЛ ( Venezia Mega Outlet | Mall of Istanbul) - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на трговските центри: Venezia Mega Outlet (продавници од најпознатите брендови надополнети со романтичните канали и гондоли кои се заштитен знак на Венеција) и најголемиот трговски центар Mall of Istanbul. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи.


5ден / 08.12 (вторник) МАКЕДОНИЈА 
Пристигнување во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 79 / 4.900мкд


Дете до 12 години - 50%  |   Еднокреветна соба + 40€ / 2.500мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во  хотел со 4* во Истанбул (област Лалели);
- посета на Хиподромот;
- посета на Сината Џамија;
- посета на Капали Чаршија;
- посета на трговските центри: Venezia Mega OutletMall of Istanbul;
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- посета на Топ Капи Палатата  (влезница | локален водич) - 20€;
- посета на Минијатурк Saphire Seyir Terasi + Таксим - 30€ (факултативите не можат да се користат одделно);
- посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) - 25€;
- крстарење со брод по Босфор со посета на Момина Кула  (90мин. дневно крстарење по Босфор со локален водич) - 25€;
- крстарење со брод по Босфор + Момина Кула + Ускудар + Emaar Square Mall + Watergarden - 50(факултативите не можат да се користат одделно);
- здравствено патничко осигурување - 150мкд.



ПАКЕТ од СИТЕ факултативи - 75€ (освен Топ Капи и Долма Бахче)  


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- Капацитетот на автобусот е 75% спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19;
- Во автобусот е спроведен протоколот за безбедност при патувањето;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


  

  


Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси