TA Mediteran

Автобуски програми | 23-ти ОКТОМВРИ

23-ти Октомври | Истанбул

термин: 22.10 - 2ноќи | 79 / 4.900мкд

 

ИСТАНБУЛ


Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 22 октомври 2020 | 4 дена / 2 ноќи

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 22.10 (четврток) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Струмица (Бензинска "Makpetrol" - кружен тек), Штип (пред Стадионот)Скопје (Хотел "ВИП" - наспроти саем)Куманово (Бензинска "Makpetrol" - Автопат). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Со официјално одобрение од бугарската влада, патувањето е овозможено без приложување на PCR тест!!


2ден / 23.10 (петок) ИСТАНБУЛ (Хиподром | Сина Џамија | Топ Капи | Вечера на брод)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. Сместувањето е во хотел со 4* во областа Лалели. По кратка пауза се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Палатата Топ Капи - музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма (видео) (фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни пијалоци (кафе / чај / вода / сокови). Прекрасна ноќна панорама на ИстанбулНоќевање.


3ден / 24.10 (сабота) ИСТАНБУЛ (Панорамски разглед | Крстарење - Босфор | Долма Бахче Сарај | Сафир Сеир Тераси)
Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот со прошетка на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе., Потоа ќе имате можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел... прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Враќање во хотел. Слободно време за одмор или релаксација во СПА центарот на хотелот чие користење е вклучено во цената на аранжманот (затворен затоплен базен, сауна, парна бања, турска бања - хамам). Ноќевање.


4ден / 25.10 (недела) ИСТАНБУЛ (Аквариумот Turkuazoo | FORUM) - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на најголемиот трговски центар во Европа - FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo, првиот јавен аквариум во Истанбул. Еден од најголемите аквариуми во Европа со над 15.000 видови неверојатни суштества. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи.


5ден / 26.10 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 89€ / 5.500мкд
за уплата до 05/10/20: 79€ / 4.900мкд


Дете до 6 години - 45€ / 2.800мкд   |   Дете од 6-12 години - 65€ / 4.000мкд   |   Еднокреветна соба + 40€ / 2.500мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во  хотел со 4* во Истанбул (област Лалели);
- посета на Хиподромот;
- посета на Сината Џамија;
- посета на Капали Чаршија;
- посета на најголемиот трговски центар - FORUM;
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- посета на Топ Капи Палатата  (влезница | локален водич) - 20€;
- панорамски разглед на Истанбул (европски и азиски дел) со локален водич на српски или македонски јазик и прошетка на ТАКСИМ - 15€ (задолжителна доплата при користење на сите/една од следните факултативи: крстарење по Босфор, Долма Бахче Сарај, Сафир Сеир Тераси);
- посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) - 25€;
- посета на Saphire Seyir Terasi  (превоз | влезница за 4D | локален водич) - 20€;
- посета на Аквариумот Turkuazoo  (превоз | влезница) - 20€;
- крстарење со брод по Босфор (90 минутно дневно крстарење по Босфор со локален водич) - 20€;
вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење + трансфер) - 40€;
- здравствено патничко осигурување - 150мкд.


Долма Бахче Сарај + Сафир Сеир Тераси + Аквариум = 
ГРАТИС панорамски разглед!!

ПАКЕТ од СИТЕ факултативи - 105€  |  
СИТЕ факултативи со вклучена вечера на брод - 145€


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


  

  


Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси