TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври / БЕРАТ - ДРАЧ - ТИРАНА

термин: 09.10-3ноќи | 115€ / 7.130мкд


Д Р А Ч


организиран разглед на БЕРАТ - ТИРАНА

 

Драч или на албански Durrës, е приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. 

 


Термин: 09 Октомври 2020 | 4 дена - 3 ноќи | Автобус  

 

1ден/ 09.10.20 (среда)  СКОПЈЕ - БЕРАТ - ДРАЧ
Состанок на групата пред Дрво Декор вo 02:00 часот. Поаѓање на групата за Албанија, се патува преку Тетово, Гостивар, Кичево, Струга граничен премин Ќафасан со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Берат во утринските часови, преполн со стара архитектура кој е познат како "Градот на илјада прозорци" поради големите прозорци кои ги красат куќите. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа џамија која датира од 15 век, како и бројни цркви кои припаѓаат на Албанската православна црква чија што автокефалност била прогласена во 1922 година во Берат. Разглед на градот кратка пауза и заминување кон Драч. Пристигнување во Драч - сместување во хотел. Ноќевање.


2ден/ 10.10.20 (четврток)  ДРАЧ
Појадок. По појадокот разглед на градот Драч и неговите културно историски знаменитости: националниот музеј, римските бањи, римскиот Амфитеатар, шеталиштето... Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 11.10.20 (петок)  ДРАЧ - СКАДАР
Појадок. Факултативно заминување кон Скадар кој е еден од најстарите и најзначајните градови во Албанија, богат со историско и културно наследство. Скадар го карактеризираат прекрасна клима и природа. Низ него минуваат три реки: Дрим, Бојана и Кир. Посета на Скадарската тврдина Розафа која датира од илирско време, а од која ќе имате прекрасен панорамски поглед на Скадарското езеро, најголемото природно езеро на Балканот.Разглед на градот и слободно време. Враќање во попладневните часови во Драч. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.


4ден/ 12.10.20 (сабота)  ДРАЧ - ТИРАНА - СКОПЈЕ
Појадок.
По појадокот заминување за Тирана. Посета на Тирана и слободни активности. Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.


Цена на аранжманот: 115€ / 7.130мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Туристички пратител и организација и реализација на програма;
  • Разглед на Берат, Драч и Тирана;
  • 3 ноќевања во HOTEL 4* со појадок во Драч;
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус (A/C;TV;DVD;CD);
  • Посета на Тирана.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Останати индивидуални трошоци кои не се споменати во програмата;
  • Посета на Скадар 20 €;
  • Индивидуални трошоци;
  • Задолжително патничко здравствено осигурување 5€.

Напомена:

  • Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • Цената на аранжманот е пресметана на минимум 35 лица (автобус) спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање.
  • Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 6 месеци по враќање од патувањето) и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.
  • Аконтацијата се уплаќа: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.
  • Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
  • Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€, а дополнително седиште во автобус 45€ ова важи само кога е организирана група со автобус.
  • Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.
  • Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
  • Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество
  • Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.
  • Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.
  • Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај, аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет.
  • Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62мкд.
  • Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.

 


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси