TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври / Кушадаси - Ефес - Памуккале - Саримсакли

термин: 09.10-3ноќи | 165€ / 10.230мкд


К У Ш А Д А С И


организиран разглед на ЕФЕС - ПАМУККАЛЕ -  САРИМСАКЛИ

 

Кушадаси е најголемото летувалиште на турско-егејската обала, но и место каде непрекинато доаѓаат патнички бродови од каде туристите идат да го видат древниот Ефес. Покрај пристаништето се наоѓаат и ѕидините на Стариот град (Caravanserai), во кој се сместени голем број на работилници, ресторани и места за ноќен провод. Одма поред него се наоѓа Островот на птиците, шарматно островче на кое се наоѓа мала тврдина, како и неколку кафичи и барови. Под островот се наоѓа нова марина во која пристигнуваат јахти од целиот свет. Од таму градот почнува да се шири со голема брзина и секоја година има се повеќе и повеќе хотели, покрај обалата и низ брдата кои го опкружуваат градот.

 


Термин: 09 Октомври 2020 6 дена - 3 ноќи | Автобус  

 

1ден/ 09.10.20 (среда)  СКОПЈЕ - КУШАДАСИ
Состанок со групата во 14:00 часот на Дрво Декор. Се патува од Скопје преку Бугарија без PCR тестови, ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.


2ден/ 10.10.20 (четврток)  КУШАДАСИ
Пристигнување во утринските часови во Eцебат каде со Траект преминуваме кон Азискиот дел на Турција. Патувањето продолжува кон Кушадаси со кратка пауза и можност за посета на легендарната Троја и макетата на коњот од филмот Троја. Продолжуваме кон Кушадаси и пристигнуваме во попладневните часови. Сместување во хотел и прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.


3ден/ 11.10.20 (петок)  КУШАДАСИ - ПАМУККАЛЕ - КУШАДАСИ
Појадок. Заминување факултативно кон Памуккале: Памуккале е една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.


4ден/ 12.10.20 (сабота)  КУШАДАСИ - ЕФЕС - САРИМСАКЛИ
Појадок.
 По појадокот факултативно заминување за Ефес: еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Во попладневните часови се упатуваме кон Сарамсакли и посета на “Şeytanın ayağı” или така наречената Ѓаволска стапка-нога, местото од каде можете со залезот на сонцето да ги направите најубавите фотографии (доколку дозволи времето). Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


5ден/ 13.10.20 (недела)  САРИМСАКЛИ - АЈВАЛИК - ЏУНДА
Појадок.
По појадокот слободни активности и заминување кон Ајвалик: посета на Фабриката за производство на маслиново масло и маслинки-можност за дегустација и купување на истите. Факултативно крстарење низ малите островчиња како и Џунда кој од 1963 година е поврзан со градот и е претворен во полуостров. Враќање во Ајвалик и слободно време за индивидуална прошетка покрај море и прошетка низ најпознатиот пазар во Ајвалик. Во попладневните часови заминување за Македонија.


 6ден/ 14.10.20 (понеделник)  СКОПЈЕ      

Пристигање во Скопје во попладневните часови.


Цена на аранжманот: 185€ / 11.470мкд

за уплата до 25/09/20: 165€ / 10.230мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Пратител на патувањето и организација на аранжманот;
  • - Сместување во хотел 4* во Кушадаси на база 2 ноќевањa со појадок и вечера;
  • - Сместување во хотел 4 * во Сарамсакли на база 1 ноќевање со појадок и вечер;
  •  
    - Превоз на наведената релација со автобус според протокол на патници;
  • - Туристичка такса во хотелите;
  • - Траект Ецебат– Чанаккале - Ецебат.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Задолжително патничко осигурување;
  • - Крстарење со брод во Ајвалик и посета на Џунда 20€;
  • - Посета на Памуккале -30€ (превоз, влезница и водич);
  • - Куќата на Дева Марија и Античкиот Град Ефес 25€ (превоз, влезница и водич);
  • - Влезници за музеите и останати знаменитости неспомнати во програмата;
  • - Индивидуални активности;
  • - Доплата за SNGL соба 35€;
  • - Разглед на Троја 11€.

Напомена:

  • Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • Цената на аранжманот е пресметана на минимум 35 лица (автобус) спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање.
  • Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 6 месеци по враќање од патувањето) и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.
  • Аконтацијата се уплаќа: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.
  • Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
  • Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€, а дополнително седиште во автобус 45€ ова важи само кога е организирана група со автобус.
  • Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.
  • Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
  • Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество
  • Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.
  • Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.
  • Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај, аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет.
  • Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62мкд.
  • Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.

 


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси